Нови цени на патарините и на таксата при регистрација

Bez autora
Jul 13 2014

Од вчера возачите низ автопатиштата во Македонија плаќаат повисоки цени за патарина, а се зголемува и износот што ќе го плаќаат при регистрација на возилата за користење на јавните патишта. Со одлука на Владата се вратени старите цени, кои важеа до 2008 година, а кои беа намалени како дел од антикризните мерки, кои беа носени за да се спречат шоковите од економската криза што го тресеше светот. Првиот човек на Агенцијата за патишта изјави дека не станува збор за зголемување на цените на патната такса, туку за враќање на старите цени, кои важеа до 2008 година. Нема зголемување на цените на патната такса, туку се враќаат старите цени, кои важеа до 2008 година, кога со антикризните мерки на Владата беа намалени. Има уште една новина, а тоа е дека странците сега ќе може да плаќаат со ситни евра, а не како досега само со книжни евра. Најмала монета што ќе се прима ќе биде од половина евро, информира Георгиевски.

Нови цени на патарините и на таксата при регистрацијаОд вчера возачите низ автопатиштата во Македонија плаќаат повисоки цени за патарина, а се зголемува и износот што ќе го плаќаат при регистрација на возилата за користење на јавните патишта.

Со одлука на Владата се вратени старите цени, кои важеа до 2008 година, а кои беа намалени како дел од антикризните мерки, кои беа носени за да се спречат шоковите од економската криза што го тресеше светот. Првиот човек на Агенцијата за патишта за „Дневник“ изјави дека не станува збор за зголемување на цените на патната такса, туку за враќање на старите цени, кои важеа до 2008 година.

- Нема зголемување на цените на патната такса, туку се враќаат старите цени, кои важеа до 2008 година, кога со антикризните мерки на Владата беа намалени. Има уште една новина, а тоа е дека странците сега ќе може да плаќаат со ситни евра, а не како досега само со книжни евра. Најмала монета што ќе се прима ќе биде од половина евро - информира Георгиевски.

Според ново-стариот правилник, најскапа патарина во земјава е таа Петровец – Велес и обратно, која наместо 60 сега чини 80 денари.

Со одлука на Владата е направена и промена во висината на надоместокот за употреба на јавните патишта за моторните и приклучните возила. Така сега моторните возила со зафатнина на моторот од 900 до 1.350 кубни сантиметри ќе плаќаат 1.520 денари, наместо 1.060 денари како претходно. Тие до 1.800 кубици ќе плаќаат 2.180 денари наместо досегашните 1.530, а тие со зафатнина на мотор до 2.500 кубни сантиметри ќе ги чини 2.910 денари, наместо досегашните 2.040 денари.

Ocenite tekst
Komentari
Prikaži više 
 Prikaži manje
Ostavite komentar

Prijavite se na Vaš nalog


Zaboravili ste lozinku?

Nov korisnik